Transfer - sport

Услови за користење

Услови за користење на порталот www.transfer-sport.com


Овој текст ги опишува условите за користење на порталот www.transfer-sport.com и сите содржини кои се наоѓаат на него. Условите за користење се утврдуваат заради заштира на корисниците на порталот transfer-sport.com и останатите корисници на интернет од непријатни, вознемирувачки, нарушувачки и незаконски активности. Условите за користење се достапни на адресата www.transfer-sport.com. Се смета дека корисниците на порталот пред да го почнат неговото користење ги прочитале Условите за користење и се согласни со нив. Доколку не сте согласни со Условите за користење, Ве молиме да престанете да ја користите оваа страница.

Transfer-sport.com не е одговорен за виртуелни и/или физички контакти кои корисникот на страницата може да ги оствари со другите корисници. Transfer-sport.com не е одговорен за активностите кои настанале како последица на контактите на www.makedonija.transfer-sport.com.
Како корисник на порталот, ја прифаќате можноста на страницата да бидат пронајдени содржини кои можат да бидат во спротивност со вашите верски, морални и други начела и уверувања.
Како корисник на страницата, одговорни сте за заштита на својата приватност преку материјалите кои ги објавувате на www.transfer-sport.com.

Содржини кои ги објавуваат корисниците на порталот


Како корисници на страницата се обврзувате дека на страницата ќе објавувате исклучиво материјали кои не ги кршат меѓународните законски прописи. Тоа значи дека сте одговорни доколку содржината која ја објавувате ги крши авторските и други сопственички права.
Покрај другото, се согласувает дека како корисник на страницата transfer-sport.com нема:

1. Да објавувате и/или да пренесувате со закон заштитени содржини.
2. Да објавуватеи/или да испраќате вулгарни, навредливи, заканувачки, педофилски, расистички, фашистички и шовинистички содржини, текстови и/или сликовни материјали.
3. Да објавувате и/или да испраќате рекламни или промотивни материјали на други корисници.
4. Да објавувате и/или да испраќате тајни и/или заштитени податоци на некое физичко или правно лице.
5. Лажно да се претставувате(во име на друго физичко или правно лице).
6. Да објавувате, пренесувате и/или да испраќате лажни информации кои ги кршат меѓународните закони.
7. Да објавувате, пренесувате и/или да испраќате лажни информации во смисла на нанесување штета на трети лица.
8. Неовластено да користите туѓо корисничко име.

Администраторите на порталот имаат право да ја избришат секоја содржина објавена на страницата, без најава и објаснување.
Администраторите на порталот transfer-sport.com не се обврзуваат дека ќе ги уредуваат, ќе ги бришат и/или на друг начин ќе ги направат недостапни содржините кои не одговараат со Условите за користење.

Transfer-sport.com и администраторите не даваат гаранција дека страницата ќе функционира во секое време и од секој компјутер. Исто така, transfer-sport.com не е одговорен за директни или индиректни штети настанати како последица на користење на страницата. Transfer-sport.com го задржува правото со посредство на своите страници да собира, да бележи и да ги чува сите материјали на корисиниците кои креираат на страницата www.transfer-sport.com.
Transfer-sport.com се обврзува на тој начин собраните лични податоци дека нема да ги отстапува, продава или на било каков трет начин да ги дава на користење и/или увид на трети лица.

Условите за користење се подложни на промени без претходни најави.